Еуро Никел го договори првото засилување: Русинот Казарновски доаѓа во Кавадарци

Откако првите недели по означувањето на прекин на шампионатот на Македонија минаа во знакот на Пелистер, Куманово, Гостивар, сега ред е и Еуро Никел од Кавадарци да започне со засилувања за шампионатот 2020/21. Екипата на Еуро Никел ги договори услугите на рускиот центар Антон Казарновски. Недостига само официјализација, но постои согласност за едногодишна соработка меѓу кавадаречкиот клуб и рускиот центар. 

Русинот со израелски пасош минатата сезона ја мина во дресот на Пелистер, а во нашата земја играше и за Карпош Соколи и Блокотехна. 206-сантиметри високиот Казарновски има 35 години, но физички е одлично подготвен и може да биде од голема корист за Горан Самарџиев.

Карантинот заради пандемијата од ковид-19, Русинот ја мина во Битола, каде инвидуално се подготвуваше за следниот предизвик. 

Новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија почнува во септември 2020 година.