Еуро Никел чекори кон плеј-оф, во финишот го „реши“ Кожув

Кошаркарите на Еуро Никел запишаа победа од 84-75 над Кожув, за одржување на втората позиција во македонската Прва лига и зголемување на шансите за настап во плеј-офот. Иако гостите долго не попуштаа, а во завршницата беше изедначено, кавадарчани искусно го затворија натпреварот и победија. 

Првото полувреме беше изедначено, се играше на мала предност на екипите кои се менуваа во водството. На пауза минимална позитива имаше домаќинот во салата „Јасмин“ од 35-34. Во продолжението се продолжи со исто темпо. Мечот беше изедначен до самиот финиш и на четири минути пред крајот се играше егал. 

Сепак, со одлична дефанзива и добра реализација на нападите никелци дојдоа до славје. До победата кавадарчани ги предводеше Роберт Рикиќ кој собра „дабл-дабл“ од 29 поени и 14 скокови. Кај Кожув најефикасен беше Лок со 20, додека 14 поени собра Скот, а 13 Кампара, колку што имаа Караколев и Соколов од Еуро Никел. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Еуро Никел и Кожув: 

По 20 одиграни натпревари Еуро Никел е втор со 14 победи и шест порази, додека Кожув има девет славја наспроти 12 неуспеси и „виси“ за место во разигрувањето.