Естонскиот селектор со дилеми, четворица стартери неизвесни за „балонот“ во Талин

Секој со свои проблеми, со кои играчки сили да се влезе во овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА Европа. Посебен, во секој случај, и во услови кои ги диктира пандемијата која ја предизика коронавирусот, не само во Европа, туку во целиот свет.

Селекторите ги бројат „здравите“, подготвените за настап на квалификациските турнири на ФИБА. Односно ново проектираните „балони“. Еден до нив ќе се игра и во Талин, од 28 до 30 ноември, дел од групата „Б“ од квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Домаќинот на овој собир, селекцијата на Естонија, поточно нивниот предводник, Јука Тоијала, со истиот проблем кој не му дава да ги објави имињата на играчите на кои ќе смета на мечевите со нашата и селекцијата на Русија.

„Никој досега не бил во една ваква ситуација. Ненормални услови во кои не знаеме кој играч е во каква физичка, и во каква здравствена состојба е. Како и да е, вирусот урива многу планирани работи, и денеска не знаеме на што сме. Секој ден правиме нов план. И веројатно до последен момент не знам кои играчи ќе бидат во тимот. Финалниот план ќе го имаме во недела навечер, или во понеделник наутро. Тогаш ќе бидеме попаметни“, изјави Тоијала.

Она што е познато во овој момент е дека Малик-Калев Косар има повреда на рамото, и им се придружи на претходно повредените Кристиан Куламае, Слим Сандер Вене и Сандер Раиесте, кои се исто под знак на прашалник за настап во „балонот“.