Естонија ослабена отпатува на последниот квалификациски турнир во Перм

Нашиот главен конкурент за пласман на Евробаскетот во 2022 година, селекцијата на Естонија, за Перм отпатува ослабена, затоа што од составот на селекторот Јука Тоијала отпаднаа двајца клучни кошаркари.

Раин Вајдеман, кој важи за еден од поискусните во естонската селекција, поради проблеми со грбот, нема да игра на овој квалификациски „балон“, а негова замена ќе биде Егерт Халер, кој доби дополнителен повик и за првпат во кариерата ќе работи со сениорите.

Многу извесно е дека Тоијала нема да може да смета и на еден од најдобрите естонски играчи во овој момент, Сандер Раиесте. Кошаркарот на шпанскиот првак, Басконија, не доби дозвола за настап на турнирот во Русија.

За потребите на „балонот“ во Перм, Јука Тоијала ги одреди следите кошаркари: Кристијан Куламае, Стен-Тиму Сок, Раит-Риво Лане, Март Росентал, Егерт Халер, Мартин Дорбек, Роберт Валге, Јанари Јесар, Јан Пуидет, Хенри Дрел, Крегор Хермет, Капар Трејер, Рауно Нургер, Маик-Калев Котсар, и Микел Кирвес.

Естонците попладнево заминуваат за Перм по два одработени тренинзи во Калев.