Естонија го покажа својот квалитет, ја „тресна“ и фаворизираната Литванија

Репрезентацијата на Естонија приреди големо изненадување и ја совлада Литванија во вториот квалификациски натпревар од групата Х, во која се наоѓа и нашиот национален тим. Естонците ги израдуваа своите навивачи и го надиграа фаворитот со конечни 65-59, со што широко си ги отворија вратите за пласман на Европското првенство. 

Домашниот состав одигра подобро во првата и третата четвртина, а Литванија имаше бледо издание и во последниот период постигна само девет поени. Најефикасен во победничкиот состав беше Јоесар со 18 поени, додека кај Литванците најрасположен беше Едгарас Улановас со два поена помалку. 

Естонија сега има две победи и си обезбеди одлична залиха за следниот квалификациски прозорец, додека Македонија ќе има тешка задача, но шансите за пласман на континенталниот собир сѐ уште постојат.