Естонија го освои „Балтик Купот“ во кошарка

Репрезентацијата на Естонија е победник на „Балтик Купот“ со кој федерацијата на оваа балтичка земја го прослави големиот јубилеј, „Сто години кошарка“ во Естонија.

По победата на премиерата против Литванија, селекцијата домаќин, и противник на нашиот национален тим во квалификациите за ЕП 2021 година, беше подобар и од вториот сосед, Летонија

Тимот предводен од Јука Тоијала славеше со убедливи (84-67), и со максимални две победи го доби победничкиот пехар. На дуелот во „Саку Сурхал“ Арената, тројца домашни кошаркари запишаа двоцифрен број на поени. Хенрик Дрел даде 15.поени, капитенот Слим-Сандер Вене еден помалку, додека пак Јанари Јесар дополни со десет поени.

Во наредните два дена, Естонците ќе имаат уште две проверки. На истото место во Талин, ќе им гостува селекцијата на Финска