Естонија го доби лидерот Италија, Македонија мора да брка две победи за ЕП

Кошаркарите на Естонија одиграа неверојатен натпревар и во „луд“ финиш ја победија Италија по продолжение со 105-101. Ривалите од групата на Македонија одиграа чуден натпревар, аутсајдерот долго водеше, но за малку не загуби на крајот против разиграните „аѕури“. Естонија издржа и по продолжение го дови лидерот во групата. 

Мечот тргна изедначено, Естонија поведе и Италија се врати лесно. Вторите десет минути беа „кобни“ за избраниците на Сакети, Естонија ги доби со 34-23 и на полувреме замина со десет поени позитива (44-54). 

Второто полувреме тргна „кошмарно“ за Италија, први погодија, но Естонците направија серија од 14-0 со што стигнаа до максимални и огромни +22. Тие ја одржуваа предноста, изгледаше дека треба рутински да го затворат мечот бидејќи и во последниот период имаа +17. Сепак, Италија се надмина себе сѝ, со серија од 11-0 целосно се врати во игра, а потоа со нова од 8-0 дојде до егал и продолжение (94-94). 

Естонија отвори со предност, но резултатот беше на еден напад разлика и Италија прв пат поведе по финишот на првата четвртина. Сепак, за жал на македонската кошаркарска селекција, Естонија пак покажа карактер во финишот и го доби натпреварот, па пред момците на Тодоров е ултиматум да победата еднаш против Русија или Италија, а потоа со евентуален триумф против Естонија да се надеваат на пласман на Европското првенство.