Естонија е малку поуспешна, но Македонија е мотивирана да игра ЕП

Македонија ќе го одигра клучниот натпревар во квалификациите за Евробаскетот, денес од 15:00 часот против Естонија. На „црвено-жолтите“ им е потребна победа од десет поени разлика, бидејќи Естонците во Скопје славеа со девет пред една година. 

На оваа средба ќе се брка победа која ќе ја врати Македонија на кошаркарската карта, па по две пропуштени Европски првенства, ќе се бара враќање на собирите. Досега Македонија и Естонија меѓусебе играле пет пати, од кои три се во „поновата“ историја и црните години на мак-кошарката. 

Иако Македонија победи во првите два меѓусебни дуели во 2008 година, Естонците врзаа три победи, две во 2017 и една лани во овој циклус.

  • Петте меѓусебни дуели на Македонија и Естонија:

20.02.20 - Македонија - Естонија 72-81 (Квалификации за ЕП)
16.08.17 - Естонија - Македонија 74-65 (Претквалификации за СП)
05.08.17 - Македонија - Естонија 76-80 (Претквалификации за СП)
20.09.08 - Македонија - Естонија 87-75 (Квалификации за ЕП)
10.09.08 - Естонија - Македонија 78-90 (Квалификации за ЕП)

Сепак, историјата нема да игра никаква улога. Македонија и Естонија силно мотивирани, бидејќи и ривалот нема настап на Европско првенство од 2015 година. Средбата во Перм ќе го одреди последниот патник од нашата група на собирот, откако домаќинот Италија и Русија веќе се пласираа.