Естонците ослабени ќе ги завршат квалификациите за Евробаскетот

Селекторот на естонската репрезентација, Јука Тојала, го објави списокот за последните три средби од квалификациите за Евробаскетот.

На еден од тие дуели противник ќе ѝ биде Македонија, која важи за директен ривал за пласман на континенталниот собир. На листата кошаркари на Естонците нема три звучни имиња.

Се работи за Сим-Сандер Вене и Мартин Пасоја кои имаат повреди и за Кер Криса кој поради обврски во НЦАА лигата нема да биде во можност да им помогне на соиграчите.

СПИСОК НА ЕСТОНИЈА:

  • Сим-Маркус Пост
  • Каспер Трејер
  • Рајн Вејдеман
  • Танел Курбас
  • Крегор Хермет
  • Рауно Нургер
  • Јанари Јесар
  • Мартин Дорбек
  • Сајмон Сат
  • Кристијан Китсинг
  • Егерт Халер
  • Март Розентал
  • Анри Дрел
  • Хендрик Елмае
  • Мик Јуркатам
  • Михкел Кирвес
  • Робин Киви
  • Маик-Калев Коцар
  • Раит-Рииво Лаан
  • Јан Пуидет
  • Сандер Раисте
  • Стен-Тимку Сок
  • Роберт Валге
  • Карл-Јохан Липс
  • Кристијан Куламае
  • Индрек Кајупанк

Дуелот Македонија - Естонија е закажан за 22 февруари, на квалификацискиот турнир во Перм.