„ЕСПН“ ги прогласи најдобрите НБА играчи на денешницата, Јанис одново на врвот

НБА

Американски „ЕСПН“ објави листа од најдобрите кошаркари кои настапуваат во НБА лигата. На врвот е грчкиот интернационалец Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс, кој зад себе го остави минатогодишниот МВП играч, Никола Јокиќ.

Актуелниот шампион со Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, е на третото место, пред Џоел Ембид од Филаделфија 76ерс и Лука Дончиќ од Далас Маверикс.

Пад од три места во однос на ланската сезона има Леброн Џејмс, кој сега е шести. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс не играше во плеј-офот и заостана зад конкуренцијата.

Џејсон Татум, Кевин Дурант, Џа Морант и Девин Букер ги пополнија местата во Топ 10. Новата НБА сезона започнува на 18 октомври.