Ертел пронајде клуб, ќе игра за АСВЕЛ на Тони Паркер

Хуертел

По неколку месеци без клуб, Томас Ертел може да се пофали дека пронајде место каде ќе ја продолжи играчката кариера.

До крајот на сезоната 31-годишниот Французин ќе настапува во редовите на АСВЕЛ. Од Барселона си замина во јануари, а со оглед што веќе настапи во Евролигата со каталонскиот клуб, таа можност ќе му биде скратена во новиот тим.

Ертел откри дека немал никаква дилема кога ја добил понудата од клубот чиј сопственик е легендарниот кошаркар Тони Паркер.

По крајот на сезоната, францускиот кошаркар ќе биде слободен агент и ќе им можност одново да одлучува за својата иднина.