Епски пресврт на Србинките, ја совладаа Кина и закажаа полуфинале со САД

Женските кошаркарска репрезентации на Србија и Соединетите Американски Држави ќе играат во второто полуфинале на олимпискиот турнир во Токио. Србинките, водени од Марина Маљковиќ, во последниот квартал го скршија отпорот на Кина, победувајќи ја Кина со 77-70. 

Последната четвртина им припадна на европските шампионки со 28-12, за историско прво полуфинале за српската женска кошарка. Јелена Брукс со 18 и Соња Васиќ со 16 поени беа најефикасни во победничката селекција. Шао Тинг постигна 17 поени кај поразената кинеска селекција.

Американската селекција е непоразена од 1992 година и веројатно нивната долга серија ќе продолжи и по овој олимписки турнир. Ѕвездите од женската НБА лига ја декласираа Австралија со 79-55 и запишаа четврта победа во низа во Токио.

Стјуард со 23 и Гринер со 15 поени беа најефикасни во американската селекција, а Мичел со 14 и Грин со 11 беа единствени со двоцифрени бројки кај Австралијанките.

Последните четвртфинални натпревари во текот на денот ги играат Јапонија - Белгија и Шпанија - Франција