• Горан Упале
Кошаркарите на Њујорк и Индијана одиграа натпревар за историја, а по нереален пресврт на настаните, првиот „брејк“ во „Медисон Сквер Гарден“ го однесоа Пејсерси откако Тајрис Халибартон постигна неверојатни поени со звукот на сирената за продолжение.
На помалку од три минути до крајот на регуларниот тек на натпреварот, Њујорк имаше водство од 15 поени и се чинеше дека Никси ќе го добијат првиот натпревар од серијата. Но, Индијана имаше поинакви планови... Предводени од Арон Нејсмит, кој погоди три тројки во последната минута, Пејсерси успеаја да се вратат во игра, а во последните секунди Халибартон режираше дополнителна драма со неверојатни поени за продолжение (125-125).
Тој стигна речиси до рекетот на противникот, но се врати на линијата за три поени и постигна неверојатни поени. Иако прво се чинеше дека Халибартон погоди тројка, на крај се испостави дека ја газеше линијата и му беа впишани два поени, кои донесоа продолженија.