Епска бламажа на Партизан во „Пионир“, загуби од Олимпијакос со 38 разлика

Српскиот гигант Партизан претрпе нов тежок пораз во Евролигата, откако пред својата публика во салата „Пионир“ загуби со 66-104 од Олимпијакос.

Најдобар показател за тоа колку е труло во таборот на Партизан беше сликата од половина час пред почетокот на натпреварот, кога „Пионир“ не беше ни полуполн. Тоа беше јасeн одговор на навивачите на одлуката на раководството на Партизан имателите на сезонски билети да купуваат билети одделно за натпреварот против Олимпијакос.

Но, дури и тие неколку илјади навивачи кои дојдоа да го бодрат тимот, не можеа да очекуваат дека ќе гледаат ужас каков не се памети со години. На крајот, благодарение на сериозното опуштање на Олимпијакос во последните минути, беше избегнат најтешкиот пораз досега во Евролигата, но беше доживеан најубедливиот пораз на домашен терен во елитното натпреварување.

Везенков го предводеше победничкиот тим со 25 поени и седум скока, а Дорси, Хол, Милутинов, Питерс и Вокап постигнаа по 12 поени. Вашингтон беше најефикасен играч за Партизан со 28 поени, а единствениот друг играч со двоцифрен број на поени кај белграѓани беше Бруно Фернандо со 11 поени.