Ентони, Скола и Гасол амбасадори на Мундобаскетот во Азија

Се наближува најголемиот кошаркарски настан во 2023 година - Светското првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс и репрезентативец на САД, Кармело Ентони и официјално стана амбасадор на Светското првенство 2023 година.

38-годишниот Американец им се придружи на Пау Гасол и Луис Скола.

„Со нетрпение очекувам да ги поддржам сите играчи на Светското првенство оваа година во славењето на нашиот спорт на глобално ниво“, рече Ентони.

Светското првенство 2023 година ќе се одржи од 25 август до 10 септември на Филипините, Јапонија и Индонезија. На него ќе учествуваат 32 екипи. Извлекувањето на групите за завршниот турнор ќе се одржи на 29 април во Манила.