Ендеса ја одбра идеалната петорка, Миротиќ е МВП на сезоната

Шпанската Ендеса лига е пред самата завршница, па очекувано челниците на лигата ја одбраа идеалната петорка и прогласија најкорисен играч (МВП) на сезоната. 

Одличниот црногорски кошаркар со шпански пасош, Никола Миротиќ го доби признанието за најкорисен поединец по гласањето на навивачите, новинарите, тренерите и кошаркарите. Барселона ќе ја нападне титулата, а Црногорецот е меѓу најзаслужните за нивната добра игра. 

Освен Миротиќ, во идеалната петорка се најдоа Факундо Кампацо од Реал Мадрид, Аксел Бутеил од Уникаха, Гиорги Шермадини од Гран Канарија и соиграчот на Ненад Димитријевиќ од Хувентуд, Клемен Препелиќ.