ВИДЕО: Емотивна посвета за Коби Брајант пред „Ол-стар“ натпреварот

Коби посвета

Егзибицискиот натпревар во Чикаго меѓу „Тимот на Леброн“ и „Тимот на Јанис“ започна со емотивна посвета на цел „Јунајтед Центар“ за неодамна починатиот Коби Брајант.

Легендата на НБА лигата и Лос Анџелес Лејкерс загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари, заедно со својата ќерка Џиана и уште седум други лица. 

Сите кошаркари имаа број „9“ на својата опрема во чест на бројот на жртви во големата трагедија, а на дресовите беа искористени само „2“ и „24“, како посвета за Брајант и неговата ќерка.

Речиси 45 минути траеше емотивната посвета за Коби, која ја започна Меџик Џонсон со прекрасен говор за својот голем пријател. Исто така, не беше заборавен и Дејвид Штерн, поранешниот комесар на лигата, кој исто така почина пред неколку месеци.

Фотографии од Брајант беа дел од церемонијата, а од музичарите настапија Џенифер Хадсон и раперот Комон.