• Иван Димовски
Кошаркарскиот клуб Партизан и неговите навивачи се простија од легендарниот Душко Вујошевиќ кој неодамна почина. Тренерската легенда која во минатото го водеше „црно-белиот“ тим од Белград доби достојно испраќање пред стартот на натпреварот меѓу Партизан и Жалгирис во Евролигата.
Клубот и навивачите му посветија целосна кореографија, „ѕвездено небо“, имаше многу солзи и емоции. Исто така во салата беа и доста негови поранешни кошаркари. За време на интонирањето на клупската химна навивачите истакнаа слики од Вујошевиќ.
Потоа беше емитувано и посебно видео со песна, а тогаш навивачите ги покажаа светилките на своите телефони и солзите продолжија. Претходно во текот на денот беше истакната и книга на жалост во која некои навивачи со часови чекаа да се потпишат.
- Емотивните сцени во белградската Арена:






