ВИДЕО: Емоции до небо – помошникот на Обрадовиќ заплака од атмосферата во Белград 

Партизан одигра нов натпревар во Евролигата, а атмосферата во „Штарк арената“ повторно беше посебна. Тоа можеше да се види од повеќе аспекти, но и од солзите на Владимир Андроиќ, долгогодишниот помошник и кум на Жељко Обрадовиќ.

Партизан на социјалните мрежи го објави моментот во кој навивачите му скандираа на Жељко Обрадовиќ, а Андроиќ доста емотивно го доживеа тоа.

Самиот Обрадовиќ беше емотивен на медиумската конференција по натпреварот, а секако проговори и за навивачите. Андроиќ е во стручниот штаб на Обрадовиќ со години, од периодот во Фенербахче, па сè до ден денес. 

Партизан има скор од 13-14 во Евролигата, а следната недела ќе и гостува на Олимпија Милано во Италија.