Емил Рајковиќ ја презема големата ЦСКА Москва!?

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ наскоро може да биде промовиран за прв тренер на рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва, тврдат повеќе странски медиуми.

ЦСКА остана без тренер по разделбата со Димитрис Итудис и се бара негов наследник. Емил Рајковиќ беше во потесниот круг кандидати за тренер на „армејците“, а сега се тврди дека тој е најсериозно име да седне на клупата.

Рајковиќ во моментов е без ангажман, а последен клуб кој го водеше беше Автодор Саратов кој го напушти по стартот на воениот конфликт во Источна Европа. Доколку се дојде до потврда на овие најави, тогаш ЦСКА ќе биде најтрофејниот клуб во биографијата на македонскиот тренер.

43-годишниот Рајковиќ во кариерата раководеше и со казахстанска Астана, полски Стал и Сласк Вроцлав, како и домашните МЗТ Скопје, Работнички, Фени Индустри и Тоа Сум Јас.