Емил Рајковиќ има нов ангажман, ќе го предводи Тофаш од Бурса

Македонскиот кошаркарски стратег, Емил Рајковиќ, доби нов ангажман во кариерата и следната сезона ќе го предводи турскиот тим Тофаш од Бурса. 

За Рајковиќ ова ќе биде прв предизвик во Турција, откако претходно беше тренер на ЦСКА Москва, Автодор, Астана, Стал Остров и МЗТ Скопје. 

Младиот стратег оствари големи успеси во руската ВТБ лига, а сега од него се очекува нешто слично и на клупата на Тофаш, кој се натпреварува во турската Суперлига.