Емил Рајковиќ и Слам Стал се вицешампиони на Полска

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ и неговиот тим Слам Стал во Полска не успеаја да дојдат до титулата во полското финале, откако во серијата загубија со 4-2 од Анвил Влоцлавек.

Во серијата Анвил имаше предност од 3-2, а во последниот натпревар успеа да направи „брејк“ и да слави на гостински терен со 65-73, со што ја освои својата прва титула по 2003 година.

Рајковиќ и со пласманот во финалето и прикажаната борба забележа голем успех, а амбициите в година сигурно ќе бидат уште поголеми, како во домашните натпреварувања, така и во европските купови.