• Мартин Танасковски
Екипата на ЦСКА Москва во чии редови тренер е македонскиот стратег Емил Рајковиќ доби засилување од Црвена Звезда за сезоната која следи.
Ново име во рускиот гигант е Дејан Давидовац кој доаѓа од Црвена Звезда. Кошаркарот кој може да игра на крилната и на бековската позиција има 27 години и во него Рајковиќ гледа големо засилување за екипата.
„Дејан е универзален играч, може да биде еднакво добар на повеќе позиции во тимот. Неговиот најголем квалитет е високата кошаркарска интелигенција, продорот и играта во одбрана. Како играч на Црвена Звезда никогаш не беше себичен и беше во целост фокусиран на тимот. Му посакувам што е можно побрзо да се адаптира на нашиот систем во ЦСКА“, изјави Рајковиќ.
За српскиот репрезентативец ова ќе биде прв предизвик надвор од татковината. Давидовац играше за Црвена Звезда од 2015 до 2022 година, имаше позајмици во ФМП, а исто така беше дел и од тимовите на Вршац Свислион и Пролтер Нафтагас.
Давидовац е трикратен освојувач на АБА-лигата, има четири титули во српското првенство, две во Купот на Србија и една во Суперкупот на АБА. Беше дел и од репрезентацијата на Србија до 20 години која во 2015 година беше златна во Италија.