Емил Рајковиќ до историја со ЦСКА Москва во ВТБ-лигата

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ ја води ЦСКА Москва со успех и во ВТБ-лигата успеа да испише историја.

Нашиот стратег го водеше клубот до 18-тата победа по ред во ова натпреварување на Балтикот, нешто што се нема случено претходно. Ова е рекорд на рускиот кошаркарски гигант, објавија од редовите на „армејците“.

ЦСКА Москва во портфолиото е најголемото име кое го водел Емил Рајковиќ. Воедно, овој клуб е еден од најзвучните, ако не и најзвучниот, кој воопшто го водел тренер од Македонија.