ВИДЕО: Ембид со страшна дислокација на прстот, Симонс не можеше да гледа

Ембид прст

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, заработи дислокација на прстот за време на мечот против Оклахома Сити.

При една акција во првата четвртина, Камерунецот за време на еден дуел доби удар во прстот, што го натера да замине во соблекувална. Глетката беше застрашувачка, но не го спречи домашниот кошаркар потоа да се врати во игра, по медицинската асистенција.

По четирите порази во низа, Сиксерси конечно прославија победа и се вратија во игра за плеј-офот во Источната конференција.