ВИДЕО: Ембид со финтата на Перо Антиќ измами противник и „ѕверски“ заби!

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, имаше одличен натпревар против Лос Анџелес Лејкерс, а на момент ја изведе и препознатливата финта на најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ.

Антиќ, кој е познат по својот „лажњак“ и влезот, во НБА-лигата ја промовираше својата финта во 2015 година. Четири години подоцна, љубителите на кошарката го видоа Ембид во исто светло и ги споија двата моменти.

Во продолжение, погледнете ги Антиќ и Ембид, кои на видеото ја изведуваат финтата идентично, а потоа и забиваат. Ембид го заврши мечот со ЛА Лејкерс со „дабл-дабл“ учинок, од 37 поени и 14 скока.

Крилниот центар Перо Антиќ е првиот Македонец кој некогаш заиграл во НБА-лигата. Искусниот кошаркар кој моментално е слободен агент и се поврзува со Работнички, во најквалитетната светска кошаркарска лига мина две години во редовите на Атланта Хокс.