Ембид откри зошто ги избра САД: Ги сакам Камерум и Франција, но...

Центарот на Филаделфија 76-ерс, Џоел Ембид, ќе настапува за репрезентацијата на Сoeдинетите Американски Држави. Ембид откри и зошто се одлучил на оваа одлука, бидејќи во игра имало уште две репрезентации, Франција и Камерун.

„Беше тешко, ми се допаднаа сите три опции. Секако и мојата татковина (Камерун), која многу ја сакам... Но, многу сакам да учествувам на Олимписките игри - тоа беше мојата цел и сон. Додадете го фактот дека мојот син е Американец, јас сум тука долго време и во последните неколку години носев одлуки врз основа на семејството.

Франција го направи она што го рече, и јас навистина го ценам тоа. Одлуката беше тешка, сакав да одвојам што е можно повеќе време, но го добив крајниот рок. На крајот, среќен сум со одлуката“, рече одличниот кошаркар.

Ембид на тој начин ќе игра за Соединетите Американски Држави на Олимписките игри во Париз и ќе се обиде да освои златен медал.