ВИДЕО: Ембид „нокаутиран“, нема крај на проблемите на ѕвездата на Филаделфија

Џоел Ембид и оваа сезона нема многу среќа со повредите. Кошаркарот на Филаделфија штотуку се врати на паркетот по лошата повреда на коленото, поради која мора сериозно да ја ограничи својата минутажа во текот на сезоната, заработи нова повреда во поразот на неговиот тим од Индијана (107-121).

Имено, во самиот финиш на полувремето Ембид доби силен удар во главата, откако Бенедикт Матурин по офанзивен скок го удри со лактот. 

Поранешниот МВП веднаш падна на подот, а по реакцијата на лекарскиот тим и фактот дека Ембид има неколку повреди на главата, одлучено беше да не се ризикува со него, па тој не се врати на теренот. До моментот на судирот, Ембид имаше забележителен настап и за нешто повеќе од 17 минути забележа 12 поени и четири скока.

Најнови вести од
НБА, САД