• Горан Упале
Кошаркарот на Филаделфија 76-ерс, Џоел Ембид, пред почетокот на новата сезона во НБА, раскажа интересна анегдота од своето детство.
Засега не се знае колку е вистина, но американскиот кошаркар тврди дека на шест години убил лав во џунглата. Тој во телевизиското шоу „Шоуто на Ден Патрик“ откри дека уште од мал го добил прекарот „Убиец на лавовите“.
„Кога имав шест години, морав да одам во џунглата за да убијам лав. Тоа беше начин да докажам дека сум маж. Влегов во џунглата, носев копје и го фрлив на заспаниот лав. И така го убив.
Лавот го однесов до моето село и докажав дека сум маж. Значи, јас сум маж од својата шеста година. Се разликувам од другите и тоа го кажувам цел живот“, истакна кошаркарот, роден во главниот град на Камерун, Јаунде.
Ембид со американската репрезентација го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз.