Ембид донесе одлука: Ќе игра за САД и ќе биде дел од новиот „дрим-тим“

Минатогодишниот МВП на НБА лигата, Џоел Ембид, конечно донесе одлука и ќе заигра за репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Високиот кошаркар имаше можност да игра и за Франција, но сепак, се реши за тимот на селекторот Стив Кер. 

Ова се убави вести за американските фанови, затоа што Ембид дефинитивно ќе биде дел од „дрим-тимот“ на САД, кој ќе настапи на Олимписките игри во Париз. Американците најавија дека немаат намера да се шегуваат и со најсилен можен состав ќе допатуваат во Франција, што автоматски ги прави најголеми фаворити за златниот медал. 

Во ѕвездениот тим на САД досега се најавени Леброн Џејмс, Стеф Кари, Џејмс Харден, Клеј Томпсон, Џејсон Тејтум, Кевин Дурент и уште многу други. Со присуството на Ембид, американскиот состав ќе биде исклучително силен во играта под кошевите и ќе претставува „страв и трепет“ за сите противници.