Елиминација во полуфиналето и експресен отказ за Жан Табак во Макаби

Најтрофејниот израелски тим на сите времиња Макаби Тел Авив загуби во полуфиналето на израелскиот плеј-оф од аутсајдерот Макаби Ришон со 69-71 и веднаш по мечот гоотпушти тренерот Жан Табак заради клаузулата во договорот која вели дека без финале, нема ниту работа. Шесткратниот европски првак Макаби има 51 шампионска титула во својата земја, но веќе втора сезона нема да биде национален првак. 

Рочести постигна 20 поени за Макаби, а Охајон даде 15 кај поразениот Макаби Тел Авив, а кај Макаби Ришон Монро и Лионс дадоа 20, односно 19 поени.

Елиминацијата во полуфиналето не влијае брз настапот на Макаби во следното издание на Евролигата за сезоната 2016/17.