Елена Тасевска е МВП на финалната серија на женскиот плеј-оф

Кошаркарката на Баскет кам 2011, Елена Тасевска беше избрана и за најкорисен играч во завршната серија од финалето на плеј-офот во женска конкуренција.

Македонската репрезентативка одигра одлично и во третиот меч од финалето, прв одигран во Скопје. Особено важни беа нејзините поени во последната, решавачка четвртина од овој последен меч во сезоната.

На крајот, за нешто повеќе од 36 минути во игра, дојде до „дабл-дабл“ ефект изразен преку реализација од 22 поени (5/9 за три, 1/6 за два и 5/6 за еден поен), дополнети со десет скока (два офанзивни), три освени топки, една асистенција и 22 инденски поени, најмногу од сите актери на финалето.