Екстра засилување за Уникс: Потпиша Алекс Тајс од Макаби

Рускиот Уникс Казан обезбеди големо засилување за сезоната 2019/20. Американецот Алекс Тајс е нов член на „зелените“ од Казан, откако денес се обврза на договор на една сезона, со опција да го продолжи на уште една ако двете страни бидат задоволни.

Тајс се одрекна од настапи во Евролигата со Макаби и не го продолжи договорот со Израелците, за да му пристапи на рускиот гигант.

Уникс е еден од фаворитите за освојување на Еврокупот, а ако тоа му успее, ќе игра во Евролигата во сезоната 2020/21.