Екс-селекторот на Франција: Драго ми е што Ембид одбра да не игра за нас!

Поранешниот селектор на Франција, Венсан Коле, даде интересна изјава во која се осврна на ѕвездата на Филаделфија 76ерс, Џоел Ембид, за кој рече дека му е драго што не заиграл за „триколорите“. 

Ембид можеше да бира дали ќе игра за Франција или за Соединетите Американски Држави, а потоа реши да стане дел од новиот „дрим-тим“ кој потоа го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз. 

„Мене ми е драго што Ембид реши да игра за САД, мислам дека воопшто не ни беше потребен во тимот. Имаме одлични играчи на центарските позиции и знаев дека нема да сака да игра за нас. 

Без разлика на неговата одлука, ние стигнавме до финалето на Олимписките игри. Таму се соочивме со најсилниот ривал на планетата и епилогот не можеше да биде поинаков, иако во голем дел од мечот пруживме добар отпор“, рече Коле. 

Франција беше поразена во финалето од Соединетите Американски Држави со 98-87.