Екс-репрезентативец на Југославија почина на својот 77 роденден

Поранешниот кошаркар на репрезентацијата на Југославија и легенда на српската кошарка, Драгутин Чермак почина на денот на својот 77-ми роденден во Белгард. 

Оваа информација ја соопшти клубот Партизан на својата официјално веб-страница. Чермак својата кариера ја започна и заврши во Раднички, а настапуваше и за Партизан, Донар од Гронинген и Лиеж од Белгија

Во својата кариера Чермак беше член на селекцијата на Југославија која во 1970 година стигна до титулата на Светското првенство во Љубљана. 

По крајот на кариерата тој работеше како тренер во Франција, Јорган, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Турција.