Екс-НБА центар за Јокиќ: Јас секој ден бев во вежбалница, a видете го него!

Поранешниот центар на Мајами Хит, Хасан Вајтсајд даде интерсна изјава поврзана со српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Американецот беше гостин во подкаст со поранешните соиграчи Џудонис Хаслем и Мајк Милер. Вајтсајд објасни колку е неверојатен Јокиќ.

„Ми се допаѓа Јокиќ, кога ќе му тргне станува фрустрирачки. Има 135 килограми, но веднаш не сфаќаш колку е голем. Тој човек е силен. Тој е лизгав, испотен, а потоа се врти и ноншалантно погодува преку глава. Го гледаш и велиш: „Брат, не треба вака“, рече Вајтсајд.

На крај поранешниот центар имаше интересна опсервација.

„На крајот мислиш: Човеку, секој ден одам во вежбалница, ги поминувам сите подготовки и гледај го. Математиката овде не е иста“.

Јокиќ беше најдобриот играч на Србија на олимпискиот турнир во Париз, на кои „орлите“ се закитија се бронзен медал.