• Горан Упале

Кошаркарскиот клуб Хапоел од Ерусалим го официјализираше крајот на соработката со српскиот тренер Александар Џикиќ.
По многу успешна година и пол од престојот на Џикиќ во Ерусалим, двете страни се разделија во пријателски односи. Причина за прекинот на соработката е безбедносната ситуација во Израел.
„Не се случува секој ден или секоја година кошаркарски тим да се раздели со својот тренер, без професионални причини. За жал, првпат се соочуваме со ваков случај. Хапоел најавува разделба со Александар Џикиќ поради лични предизвици кои резултираа во безбедноста ситуацијата во Израел“, велат од клубот.
Поранешниот македонски селектор го одведе Хапоел до финалето на Лигата на шампионите на ФИБА, а на домашно тло освои два Купа и дека создаде неверојатна хемија во клубот.