• Иван Димовски

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Куманово и Кожув, Урош Луковиќ остана без клуб откако го раскина договорот со Задар.
АБА-лигашот од Хрватска објави дека Луковиќ по само четири месеци минати во клубот ќе замине. Преку официјално соопштение Задар му се заблагодари на српскиот центар.
„Урош Луковиќ повеќе не е член на КК Задар. Сакаме да му се заблагодариме за сè што му пружи на клубот во изминатите месеци и му посакуваме среќа во продолжението на кариерата“, напишаа од хрватскиот клуб.
Во својата богата кариера 32-годишниот Луковиќ надвор од Македонија настапуваше за ФМП, Раднички, Тарту, Партизан, Морнар и Задар. Центарот во земјава имаше две епизоди во Куманово, ги бранеше боите на Кожув, а играше и за МЗТ Скопје во сезоната 2015/16 од каде прејде во Партизан.