• Саше Љолес
Поранешниот српски фудналски репрезентативец, Адем Љајиќ, реши да го промени спортот и официјално е нов кошаркар на екипата на Нови Пазар, јавија медиумите кај нашиот северен сосед.
Љајиќ реши да се „проба“ во кошарката и покрај фактот што целосно не се откажа од неговата долгогодишна љубов, па повремено ќе му се става на располагање на тренерот Валид Хаџериќ, чиј тим во моментов се натпреварува во регионалната лига Запад Б.
„Ова ќе биде остварување на уште еден сон за Љајиќ. Ќе има можност да се претстави и пред кошаркарската јавност, а нашиот клуб ќе му ја даде таа шанса“, стои во краткото соопштение.
Адем Љајиќ имаше завидна фудбалска кариера, настапуваше за Интер, Фиорентина, Рома, Бешикташ и Партизан, а за српската репрезентација одигра 47 натпревари и постигна девет голови.

