Екипи од Македонија ќе играат во новата сезона на БИБЛ

Организаторите на Балканската лига (БИБЛ) објавија план според кој ќе се игра во новата 2021/22 сезона, а меѓу учесниците се и екипи од Македонија.

На регионалната сцена ќе излезат екипи од Израел, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Засега, имињата на тимовите се држат во тајност, но се претпоставува дека ТФТ и Куманово и во новата сезона ќе играат БИБЛ, секако, тоа ќе зависи од нивните амбиции да бидат дел од други купови.

Новата сезона во БИБЛ стартува на 5 октомври, а ќе заврши на 24 април. Ќе играат вкупно 12 тима, кои ќе бидат распоредени во две групи со по шест учесници, а најдобрите четири екипи од секоја група ќе продолжат понатаму и ќе формираат две групи со по четири екипи.

Екипите кои ќе бидат први и втори во втората фаза одат директно на Ф4, додека вториот и третиот во двете групи ќе играат меѓу себе за место на завршницата. Бранител на титулата е Хапоел Холон од Израел.