ВИДЕО: Ејтон погоди со звукот на сирената, Џорџ трагичар за Клиперси

Феникс Санс со погодок со звукот на сирената стигна до предност од 2-0 во финалната серија на Западот против Лос Анџелес Клиперс (104-103). 

Дуелот во Аризона се одлучуваше во последните секунди. Трагичар беше Пол Џорџ кој промаши клучни слободни фрлања. На спротивната страна херојството му припадна на ДеАндре Ејтон, кој доби лоб-додавање и ја смести топката во кошот за конечна победа.

Најефикасен на теренот беше резервистот на Санси, Камерон Пејн. Најдобрата партија во кариерата ја заврши со 29 поени и ниту една загубена топка. Помош доби од Ејтон со 24 и Букер со 20 поени.

Кај гостите одново го немаше Каваи Ленард. Лидерската улога ја презеде Џорџ, постигна 26 поени, но беше непрецизен кога беше најпотребно.

Третиот натпревар се игра во „Стејплс Центар“ за два дена.