Егзодус во Карпош Соколи - пари нема, нема ниту играчи

Екипата на Карпош Соколи важеше за една од најнезгодните екипи во Македонија и беше претендент за кошаркарскиот трон изминатата година, но сепак, во новата сезона тимот влезе со големи проблеми и е пред комплетен егзодус.

Поразот од Шкупи во минатото коло го потресе клубот, а фактот дека Тасевски имаше на располагање само седум кошаркари говори доволно за кризата. Дел од странците веќе ги нема, а тука се македонските кошаркари, но и нивната иднина е неизвесна.

Голем проблем во моментов е и настапот во Европа Купот на ФИБА, од кој ако Карпош Соколи се откаже, одговорноста ќе мора да ја понесе Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и да ги плати сите „пенали“ за неучеството на клубот, за кој се пратија гаранции пред стартот на сезоната. До крајот на настапите, „соколите“ имаат уште еден натпревар, на домашен терен против Фалко Вулкано.

Финансискиот проблем за Карпош Соколи пристигна по промената на општиснската власт во Карпош, а неофицијалните најави велат дека новиот прв човек нема да го финансира клубот во иднина и нема да двои финансии од општинската каса за ланскиот освојувач на трофејот во Купот на Македонија.