Ларкин и Ефес царуваа во Мадрид, победа за другите фаворити

Анадолу Ефес дојде до голема победа во Евролигата и славеше на гости во Мадрид (75-80) кај еден од фаворитите за трофејот, Реал Мадрид.

„Кралевите“ важеа за фаворити на хартија, но избраниците на Атаман покажаа уште еднаш дека ланскиот пласман во финалето не беше случаен и дека и оваа сезона треба да се смета сериозно на нив. Дуелот беше изедначен до средината на третиот квартал, кога беше 53-53, а потоа, Ефес дојде до предност и ниеднаш не ја испушти до финишот.

Феноменален во победата беше Шејн Ларкин со 32 поени, а Тибор Плеис постигна 13 поени, додека кај шпанскиот првак Томпкинс имаше 15 поени, а го следеше Серхио Љуљ со 13 поени.

Реал Мадрид - Анадолу Ефес 75-80:

До триумф дојде и Фенербахче, кој на домашен терен како голем фаворит славеше над Олимпија Милано (73-64). Жалгирис беше убедлив против Алба (104-80), а исто така до полн плен дојде и Панатинаикос кој во Атина сигурно го доби Асвел (100-88).

Фенербахче - Олимпија Милано 73-64:

Жалгирис - Алба Берлин 104:80: 

Панатинаикос - Асвел 100-88:

Анадолу Ефес се одлепи на врвот со три победи повеќе од ЦСКА Москва, Барселона и Реал Мадрид.