Ефес со Ларкин е друга екипа, Партизан падна во спектакуларен меч

Екипата на Анадолу Ефес го одбрани домашниот терен и го победи Партизан (100-94) на отворањето на колото во кошаркарската Евролига.

Евидентно беше враќањето на Шејн Ларкин во составот на турскиот тим кој е поранешен освојувач на елитното натпреварување, затоа што американецот со турски пасош имаше голем придонес за триумфот на „пиварите“.

Дуелот во „Синан Ерден Доме“ беше спектакуларен, затоа што Партизан губеше со десет поени разлика (44-34), па го сврти мечот во своја корист (64-74), ама иако влезе со двоцифрен плус во последните десет минути, Ефес покажа неверојатен шутерски капацитет и со 34 постигнати поени во четвртата четвртина ги сруши белграѓани.

Токму Шејн Ларкин беше лидер на победникот со 27 поени и осум асистенции, а го следеше Томпсон со 18 постигнати поени. Кај Партизан, Камински заврши со 24, пред Дожер со 21 постигнат поен.