Ефес прокоцка +21 со ЦСКА, но се спаси и ќе игра финале во Евролигата

Кошаркарите на Анадолу Ефес за малку од готово не направија вересија, бидејќи испуштија предност од 21 поен и победија во доцна драма против ЦСКА Москва со 89-86. Иако натпреварот беше претежно „едностран“, Ефес беше во предност и изгледаше дека ќе нема потешкотии, на крајот искуството ги врати Русите во игра. Турскиот клуб ќе игра финале на Евролигата, вторпат во три години, а за противник ќе го има победникот од дуелот Барселона - Олимпија Милано.

  • Извештај од натпреварот: 

Освен првата предност (2-0), ЦСКА не знаеше за водство во текот на целиот натпревар. Анадолу Ефес веднаш врати со добра серија и поведе со 8-2. Предноста бргу стигна и на двоцифрена маргина, пред истекот на првата четвртина турскиот колектив поведе покомфорно. Ниту до полувремето ЦСКА не можеше да фати приклучок. Позитивата двапати дојде на едноцифрена бројка, ама Анадолу Ефес одлично го контролираше резултатот и убедливо водеше. 

Отворањето на второто полувреме, пак, им припадна на кошаркарите на Ефес кои отворија со серија од 11-2. Тогаш, позитивата дојде до највисоките +21 и изгледаше дека сè е решено. Сепак, последниот период им припадна на Русите во целост. Со 31 поен во завршните десет минути ЦСКА дојде до минус еден, два пати напаѓаше за пресврт, а Вил Клајбурн промаши и тројка за победа. 

Токму Клајбурн беше најефикасен играч на мечот со 26 поени, додека кај Ефес се истакна Василије Мичиќ со 25, а 19 поени уфрли Санли.