• Горан Упале

По трите последователни порази и серијата нешто послаби резултати во претходниот период, кошаркарите на Партизан конечно се вратија на победничкиот колосек во Евролигата, откако во 27. коло го совладаа Анадолу Ефес со 100-90 и со тоа ги задржаа шансите за разигрување.
Местото во елиминационата фаза во елитата им одминуваше на „црно-белите“ по неочекуваните порази во изминатиот период, но со овој триумф против директниот конкурент, ја подобрија сликата на меѓународна сцена и со тринаесеттата сезонска победа, ја задржаа шансата за плеј-оф на седум кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната.
Апсолутен херој на Партизан беше Алекса Аврамовиќ, кој по одличната серија во последната четвртина, натпреварот го заврши со дури 30 поени. Него го следеше Зак Ледеј со 21 поен, а придонес дадоа и Кевин Пантер со 16 и Данило Андушич со 13 поени. На поразената страна најефикасен беше Вил Клајбурн со 13 поени.
На победничките патеки се врати и тимот на Виртус Болоња, кој пред својата публика беше сигурен против Валенсија и славеше со 87-74. Овој резултат оди во пролог токму на Партизан, затоа што „црно-белите“ сега имаат идентичен скор како Валенсија, додека Виртус се зацврсти на третата позиција.
Водени од феноменалниот Лесорт, кошаркарите на Панатинаикос го совладаа Реал Мадрид среде Шпанија со 86-97. Голема гостинска победа запиша и Макаби Тел Авив, кој во Берлин ја надигра Алба со 71-106.
Преостанатите пеет натпревари од 29. коло се играат утре, а дерби дуелот се игра во Каталонија, каде ќе се соочат Барселона и Монако.