• Мартин Танасковски
Изненадувањето на денот го направи Анадолу Ефес, кој на гостински терен победи кај Панатинаикос (76-79) и така направи „брејк“ за израмнување на 1-1 во четвртфиналната серија во Евролигата.
Се чинеше дека европскиот првак ги има работите под контрола затоа што имаѓе +12 по првата четвртина (29-17), но не беше се мед и млеко во самиот финиш на мечот за големиот фаворит. Драмата започна кога од 73-68, следеше серија на Ефес за 73-77. Иако домаќините дојдоа на еден негатива, не успеаја да го свртат мечот.
Ларкин беше лидер кај победникот со 20 поени, пред Порие со 16 поени и 10 скока, додека кај ПАО се истакна Чеди Осман со 16 поени, а најдобриот играч Кендрик Нан постигна 14 поени, со уште шест асистенции и четири скока.
Серијата сега се сели во Турција, а првиот меч во Истанбул се игра на 30 април.