Ефес направи голем пресврт и по продолжение израмни против Фенербахче

Анадолу Ефес

Екипата на Анадолу Ефес го победи Фенербахче (101-93) во вториот меч од финалето на турското првенство.

Првиот дел целосно им припадна на гостите кои направија висока разлика. Се чинеше истата ќе биде недостижна за противникот, но европскиот вицепрвак направи своја серија во третата и четвртата четвртина и на пет минути до крајот стигна до водство.

Несфатлив беше офанзивниот пад на кошаркарите на Жељко Обрадовиќ. Тоа го искористи домаќинот за да победи и да израмни во финалната серија на турскиот плеј-оф дури по продолжението. Резултатот по регуларниот тек беше 86-86, а Ефес постигна скоро двојно повеќе поени во дополнителните пет минути.

  • Извештај од натпреварот: 

Василије Мициќ со 30 поени беше најпрецизен во победничкиот табор, Ларкин запиша 19, додека Данстон 15 поени. Кај Фенер најпрецизни беа Мели со 22 и Гудуриќ со 18 поени. 

За два дена, бранителот на титулата ќе игра пред своите гледачи во третиот натпревар од финалето.