Ефес му зададе „страшен“ удар на Фенер во финалето – го победи со 40 поени разлика!

По освоената титула во Евролигата, кошакарите на Анадолу Ефес повторно ги израдуваа своите фанови и го зададоа првиот удар во финалната серија од турскиот шампионат, против големиот ривал Фенербахче.

Во првата пресметка од финалната серија на Суперлигата, Ефес постигна неверојатни 111 поени и извојува неверојатна победа од дури 40 разлика (111-71). 

Ако во првите две четвртини се играше израмнето и возбудливо, во третата следуваше тотален распад на Фенербахче кој донесе 37 примени поени и само 11 постигнати. Така, во финалните десет минути се влезе со позитива на Ефес од 32 поени, која до крајот на натпреварот беше дополнително зголемена за конечни 111-71. 

Ларкин со 23 и Мициќ со 19 поени беа најпрецизни во победничкиот тим, додека кај Фенер се истакна Махмутоглу со 19 поени.