Ефес „мерка“ НБА засилување за нов поход кон врвот на Евролигата

Турската екипа Анадолу Ефес играше одлична сезона пред прекинот на кошарката во Турција, каде беше лидер во домашната Суперлига и Евролигата. 

Очигледно амбициите на овој клуб и за идната сезона ќе бидат високи, па според тамошните медиуми Ефес ќе тргне по НБА засилување. 

Се работи за поранешниот шутер на Далас, Рајан Брокоф кој мина година и половина во клубот. Тој во 2018 година пристигна во НБА лигата, а во февруари го раскина договорот со Маверикси и може да прејде во нова средина бесплатно. 

Нема сомнение дека доколку Анадолу Ефес го засили тимот кој го водат пред сè Шејн Ларкин и Василије Мичиќ, ќе има што да каже и во наредната сезона од Евролигата.